Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
Кирил Дмитриев, економски пратеник на рускиот претседател Владимир Путин и клучна фигура во преговорите со Украина, изјави дека одлуките на поранешниот американски претседател Џо Бајден мора да се исправат за да се постигне светски мир.
Дмитриев, кој е и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), денеска на социјалните мрежи коментираше за објавата на Белата куќа во која Доналд Трамп беше наречен „претседател на МИРОТ“. Во истата објава се цитираа и неколку светски лидери кои побараа Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир.
Рускиот функционер очигледно ја поддржал пораката, пишувајќи: „На светот му се потребни мир и безбедност. Грешките на Бајден мора да се исправат.“
Треба да се потсетиме дека Трамп постојано ја опишува војната во Украина како „војна на Бајден“, нагласувајќи дека има намера да ја заврши и тврдејќи дека таа никогаш немаше да започне доколку тој беше претседател во 2022 година.
Дмитриев игра клучна улога во мировниот процес за Украина и беше домаќин на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, за време на неговата посета на Москва минатата недела. Виткоф потоа одржа тричасовни разговори со Путин, кои Москва ги опиша како „реални и конструктивни“, додавајќи дека САД дале „прифатлива“ понуда во врска со можно решение за Украина.
„Пробен состанок“ меѓу Трамп и Путин.
По тие разговори, Путин и Трамп се согласија да одржат самит во градот Анкориџ, Алјаска, на 15 август. Американскиот претседател го опиша настанот како „пробен состанок“, сугерирајќи дека разговорите би можеле да се фокусираат на потенцијален договор за размена на територија меѓу Русија и Украина.
Сепак, Дмитриев предупреди во саботата дека одредени земји заинтересирани за продолжување на конфликтот во Украина би можеле да се обидат да го саботираат самитот преку „провокации и дезинформации“.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица