До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука за завршување на сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година.
- Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае до 31 јануари следната година. Се однесува за сите видови риба, на водните ресурси на подрачјето на паркот. Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони, рече за МИА, Харис Ибраими, директор.
Додаде дека новата сезона за спортски риболов ќе започне на 1 февруари 2026 година.
- Им се заблагодаруваме на сите спортски риболовци за разбирањето и придржувањето кон оваа одлука, со што заеднички придонесуваме за заштита на природното богатство на Националниот парк „Маврово“, посочи тој.
Благодарение на грижата за заштита и збогатување на рибниот фонд, на бреговите на Мавровското Езеро и реката Радика, се побројни се домашни спортски риболовци, но и од соседните земји, во летниот период, но посебно и за време на викендите и празнични денови.
МИА
Ново на Сител
-

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра
-

Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија
-

Нејмар успешно опериран
-

Реал лидер според заработката од телевизиски права
-

Зеленски очекува Русија да изврши големи напади по Божик
-

Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина
-

Ким и неговата ќерка отвораа хотели
-

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините
