Македонија
23. December 2025 - 19:49

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја

Владата прогласи кризна состојба. Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја. Таму се чуваат потребни количини за 47 дена, или над 10 илјади тони мазут, енергенс неопходен за производство на електречна енергија.

-Оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии, велат од владата.

Одлуката доаѓа по барањето на ЕСМ да се активираат стоковите резерви, бидејќи  протестите на грчките земјдолеци  го  оневозможија снабдувањето со јаглен и мазут во земјава. Ако нема мазут, нема ни да работат термоелектраните во Рек Битола и Осломеј.

-Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут, знаете дека има таму протести има веќе повеќе е од 50 дена неможност да се донесе мазут и тоа значи дека државните резерви ќе ги снабдат ЕСМ со мазут, Сања Божиновска – министер за енергетика.

Грчките земјоделци  вчера изјавија дека ќе ги прекинат протестите за време на божиќните и новогодишпни празници. Но по 4 јануари повторно се враќаат со блокади на патиштата и граничните премини, се до исполнување на нивните барања.