Со доживотно учење до поголема конкурентност
Дипломата не е крај на образованието. Динамичните промени на пазарот на трудот и потребата од нови професионални вештини ја наметнуваат неопходноста од континуирана едукација.
-Концептот на доживотно учење, или Lifelong Learning, е дел од наставно-образовниот процес на Универзитетот. Тоа е една законска категорија која во практика покажа големи придобивки за сите учесници, изјави Борка Тушевска Гавриловиќ, раководител на Центарот за доживотно учење.
За разлика од класичното академско образование, ваквиот модел овозможува поголема флексибилност, а содржината и динамиката на наставата се приспособуваат на потребите на различни професионални профили.
-Ние ќе настојуваме и понатаму, покрај редовните курикулуми кои ги реализираме, да објавуваме конкурси и огласи, се разбира, за учество на вакви микроквалификации, каде што сите заинтересирани од одредена област ќе можат да го зголемат, да го продлабочат или да го прошират своето знаење во одредена проблематика, преку едномесечен, двомесечен курс, или може да биде и обука од два дена, три дена, зависно од капацитетите со кои располагаме и, се разбира, од заинтересираноста и оправданоста на самата програма, додаде Тушевска Гавриловиќ.
Практичен пример за ваквиот модел на образование е акредитираната програма „Управување и надзор во безбедносниот сектор“, која во изминатите два месеца се реализираше на Правниот факултет при УГД.
-Праксата го потврди успехот, во смисла на тоа дека програмата беше многу солидно концепирана и дека изведувањето на истата во пракса потврди дека и студентите и останатите кои учествуваа навистина ги зголемија своите знаења, своите компетенции, изјави Тушевска Гавриловиќ.
Дванаесетте предавања ги реализираа универзитетски професори и експерти со долгогодишно практично искуство.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
