Македонија
25. November 2026 - 12:22

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија

Иднината на енергетиката не може да се обликува без жените што имаат знаење, искуство и храброст да водат.

Скопска декларација за поголемо учство на жените во енергетската дипломатија беше потпишана на првиот форум за енергетска дипломатија во организација на Министерството за енергетика.

На форумот присуствуваат над 200 домашни и странски гости, високи владини претставници, меѓународни организации, финансиски институции, претставници од дипломатската заедница и приватниот сектор.