Македонија
25. November 2026 - 12:22

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ во кој се зборува за Охридското езеро и луѓето кои со децении живеат и творат во градот на кој како извршен продуцент работеше охридскиот режисер Пиперкоски ги отвара прашањата колку знаеме за нашето природно богатство. 

Пиперкоски смета дека Охридскоот езеро не треба да сe гледа само како наследство што сме го добиле туку како одговорност што имаме должност соодветно да го чуваме. Според него  вакви филмови треба да бидат дел од наставно образовниот процес.

Инаку филмот ја раскажува приказната за убавините и тајните на балканскиот бисер градот Охрид пренесувајќи ја пораката низ Европа за важноста од негова заштита. Станува збор за германска продукција на телевизијата Арте, дел од серијал посветен на највпечатливите и најинтересните водени предели на европскиот континент.