До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој ден до 10 часот.
Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска и дека таа е во интерес на граѓаните. Законската обврска важи за сите трговци освен за оние кои имаат до 10 вработени.
- Транспарентноста мора да биде поголема од страна на маркетите, граѓаните треба да знаат каде да ги трошат нивните пари и кои цени се поевтини. Треба да им излеземе во пресрет на граѓаните. Се работи за закон кој ги опфаќа гоилемите ланци маркети и тие имаат капацитет и своја веб страница и може да ја спроведат оваа законска мерка, вели Дурмиши.
Во однос на барањето на Комората на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун да се продолжи рокот за имплементација на одлуката, министерот Дурмиши планира средба со нив следната недела.
Казните за непочитување на законската обврска се движат и до 10.000 евра, а министерот Дурмиши најавува дека инспекторите на Пазарниот инспекторат ќе вршат проверки на терен.
Обврската за објавување на продажните цени на производите произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани