Македонија ќе ги укине царините кон САД
Македонија ќе ги укине царините кон САД, најави премиерот Мицкоски. Се водат интензивни разговори со американската администрација за да добиеме реципроцитет – или нула отсто за извоз на македонски производи и услуги на американскиот пазар или многу пониски од првично најавените 33%.
-Во моментов царинските стапки за увоз на американски призводи во земјата изнесуваат 10%. Со ова услогасување ние ќе ги намалиме на нула отсто за производи и услуги кои доаѓаат од Соединетите Американски држави. Така да очекувам сето тоа да биде препознаено, веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на САД, јас веќе неколку пати разговарав со Хауард Лутник, тој е државен секретар за економија, така да мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најнискити стапки за увоз на американскиот пазар, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Од 1 јули ќе се намалат за 50 отсто и царините за 70 тарифни броеви за репроматеријали и суровини кои влегуваат кај нас. За да се заштити домашното производоство во минатото биле воведени високи царини при увоз на нашиот пазар, но сега веќе истите не се произведуваат, па затоа ќе се усогласуваат со оние кои важат во унијата.
-За да се заштити домашното производство се воведувале високи стапки. Денеска треба да се размислува за нивно намалување. Она што не било усогласено со децении, ќе го направиме сега. Тоа се царински стапки и парафискални давачки. Од 1 јули ќе се намалат за 50% и од 1 јануари 2026 за уште 50 отсто, додаде премиерот.
Законот за царинските тарифи веќе е во владина процедура и ќе значи поддршка за компаниите кои произведиваа и извезуваат на европскиот пазар. Токму намалување на тарифите и парафискланите давачки е едно од барањата на бизнисот, старо неколку децении.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар