Бизнис
9. March 2026 - 16:42

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските

Од полноќ дизелот поскапува за 14,5 денари, бензините за 5. Регулаторната Комисија ги објави новите цени на горивата, поо што следуваше вистински метеж на бензиските. Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите, за да заштедат некој денар. Поскапувањето се должи на скокот на цените на нафтата на светските берзи и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Експертите препорчуваат – потребна е реакација веднаш. Заврушување на војната на Блискиот Исток не се гледа во скоро време, така што цената ќе продолжи да расте, но прашање е и дали ќе ја има. Препорачуваат Владата да ги активира стоковите резерви и да донесе мерки за заштита на граѓаните и бизинисот.

Од Министерството за енергетика нема одговор дали утре ќе достават предлог до Владата за прогласување Кризна состојба, за да може од 18 ДДВ да се намали на 10 осто при увоз на нафтени деривати, но и да се намали акцизата до 4 денари.

Од Владата велат дека ќе преземат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, но се уште не знаат дали утре ќе одлучуваат за тоа. Експертите  пак сугерираат -  наместо еднаш неделно, Регулаторната Комисија да го врати стариот правилник  и цените да се одреддуваат барем 2 пати неделно. Ако остане вака – товарот од дневното поскапување и осцилациите  на берзите, ќе го поднесат само нафтените компании.

Се поизвесна е заканата од нова енергетска криза во светот.  Министрите за финансии на најголемите економии, Г7,  закажаа вонреден состонак , на кој ќе  бараат мерки за ублажување на ударот,  откако цената на нафтата ја надмина психолошката граница од 100 долари за барел.

Ќе се разгледува можноста од координирано ослободување на нафта од стратешките резерви на земјите членки на Меѓународната агенција за енергија. Во моментов таму се чуваат околу 1,2 милијарди барели ,а  за почетокот би можеле да се ослоодат од 300 до 400 милиони барели нафта.