Loading Video...
Бизнис
15. March 2026 - 16:43

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата

Иран е подготвен да склучи договор за крај на војната, но САД не сака под вакви услови, за кои смета дека се сеуште не доволно добри. Ова го изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за  Ен Би-Си, каде дададе дека солиден договор би морал да вклучи обврска од страна на Техеран да се откаже од нуклеарните амбиции.

Ги повика и останатите земји да испратат воени бродови за да остане отворен Ормутскиот теснец, низ кои поминува петтина од светскиот извоз на нафта. Се надева дека Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија  ќе учестуваат во тоа.

Но аналитичарите сметаат дека тоа е невозможна мисија, затоа што теренот е непристапен, а опасноста огромна. Иран веќе се закани дека нивните дронови и проектили можат ова подрачје да го претворат за зона на смртта за американските морнари.

Во меѓувреме, неизвесноста и притисокот врз цените на нафтата растат. Утре Регулаторната Комисија треба да ја објави новата цена на горивата и имајќи го предвид движењето на цените на нафтата на светските безри и повисокиот курс на доларот во однос на денарот, се поизвесно е дека ќе бидат повисоки.

Опозициската СДСМ бара државата веднаш да го намали ДДВ од 18 на 5 отсто за горивата, намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.

-Овие мерки долгорочно ќе ги намалат цените и ќе им помогнат на граѓаните. Владата мора веднаш да ги примени и да не чека. Секој ден граѓаните ги чини скапо. Оваа недела македонските граѓани платија 3 милиони евра повеќе само со покачување на цената на дизелот за 14 денари. Се најавува и можен дополнителен раст на цените. Ако војната во Иран потрае три месеци, се проценува дека цената на нафтата може да достигне 150–160 долари за барел, што е речиси двојно повеќе од сегашната цена., се наведува во соопштението на СДСМ.

Од почетокот на воената операција врз Иран, за две недели, цените на нафтата скокнаа за над 35%, и го зголемија стравот од подгревање на инфлацијата. Како одговор против порастот на трошоците за живот, централните банки се очекува да ги зголемат каматните стапки, чекор кој негативно би се одразил врз растот на економиите.