Loading Video...
Бизнис
11. April 2026 - 16:32

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години

Скок на инфлацијата во САД, поради растот на цените на нафтата. Во март изнесува 3,3 отсто  и е највисока во последните 2 години.. Војната во Иран и затворениот Ормутски теснец ги вивна цените на бензините, кои се зголемени за над 21%, дизелот се продава скоро за 31 отсто поскапо и ова е најголем скок откако владата почна да ги следи цените.

- Ова е најголемиот месечен скок за вкупниот CPI [Индекс на потрошувачки цени] од јуни 2022 година. Значи, тие 0,9% што ги видовме - можете да ги отстраните неколку децимални места ако сакате - но 0,9% е многу голем скок, извинете, месечен скок. Сега, кога ги гледаме цените на бензинот, тука работите навистина се издвојуваат. Како процентна промена во текот на еден месец, ова е најголемата откако овие податоци се следени во 1967 година.“изјави Стивен Кејт, финансиски аналитичар.

Ако се спореди главната инфлација, која ги вклучува храната и енергијата , со базичната, која не ги вклучува истите, се доаѓа  до податок дека и  базичната е малку повисока од онаа која беше измерена во февруари.  Сепак, главниот фактор за пораст на трошоците за живот се горивата, затоа што храна во САД не е поскапена.

-„И ова е, мислам, светлата страна за домаќинствата: храната дома, намирниците, цените се намалија. Тоа е добра работа. Тоа е нешто што мислам дека сите треба да го сметаме во категоријата победи.“

Неивесност  и страв за пораст на инфлацијата владее ако војната потрее и колку пари и време ќе бидат  потребни  за да се санираа уништетната инфаструктура . Најдоброто сценарио за помали последици врз економиите во светот  е  конфликтот веднаш да заврши.

- „Ако овој конфликт заврши денес, сè почнува да се враќа во нормала. Тоа е многу малку веројатно сценарио, но е нашето најдобро сценарио. Сè уште ќе гледаме зголемена инфлација со месеци.

Со надеж дека ќе се случи примерје, последниот ден од тргувањето заврши со благ пораст на акциите на Волстрит , азиските и европските земји, додека индексите  Dow и  SP 500 завршија со пад.. Од својата вреднсост загуби и  доларот во однос на другите валути.