До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто.
Досега не се пристигнати пријави за какви било неправилности и нерегуилараности, а за претставки за нарушување на изборниот молк има само информации по кои, истакна Тодоровска Алексовска, постапуват надлежните институции.
-До ДИК се стигнати само информации, во однос на тоа прашање постпауваат надлежните институци, се што треба во однос на ова ДИК би информирала до крајот на денот, истакна портпаролката на прес-конференција.
Таа информира и дека ДИК во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат приговори, како и информации за постапката за набљудување на изборите.
-До 13 часот одѕивот во Боговиње е 16,02, Брвеница 29,73, Валандово 25,67, Виница 23,16, Дебар 15,32, Дебарца 26,54, Демир Капија 34,21, Дојран 31,21, Долнени 20,81, Зрновци 27, Кичево 29,37, Конче 28,30, Кочани 18,46, Крушево 34,86, Куманово 13,34, Лозово 34,54, Македонска Каменица 24,64, Македонски Брод 24,99, Могила 18,13, Неготино 24,17, Прбииштип 36,66, Ранковце 31,41, Росоман 27,10, Струга 16,77, Студеничани 16,74, Тетово 19,31, Чешиново-Облешево 27,93 и Чучер Сандево 29,55 проценти. Во скопските општини излезеноста е во Аеродром 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и Шуто Оризари 12,78 проценти. Најголема излезеност за гардоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир, истакна Тодоровска Алексовска.
Во првиoт круг до 13 часот излезеноста била 20,12 отсто, а за Скопје 20,07 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Советот на Општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
