Започна изградбата на катната гаража во Охрид
Започна изградбата на катната гаража која ќе има капацитет од околу 200 паркинг места а се реализираат и други инфраструктурни проекти во Охрид. Претседателот на Владата Мицкоски најави дека во прогрес е автопатот Охрид-Кичево кој се очекува целосно да биде пуштен првиот квартал од 2027 година и поголем фокус на проектот Плаошник.
Вицепремиерот Николоски истакна дека за старт на катната гаража биле неопходни бројни законски измени.
Градоначалникот на Охрид, Пецаков, изјави дека почетокот на изградбата на катната гаража претставува историски момент за градот. Според проектот катната гаража предвидува приземје пет ката и тераса чини нешто над два милиони евра, а рокот за изградба е отприлика година и пол.
Премиерот Мицкоски заедно со вицепремиерто Николоски и градоначалникот Пецаков извршија увид и на градежните активности на плоштадот кај Чинарот како и на пумпната станица Метропол.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
