-->
-->
До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-->

До 13 часот на повторните локални избори гласале 11 217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места.
Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
- Во општина Врапчиште гласале 2 613 лица или 9,58 отсто, во општина Гостивар 8,74 проценти или 7 043 гласач, во Маврово - Ростуше 10,03 отсто или 1 061 лице, додека во општина Центар Жупа 6,61 проценти или гласале 500 избирачи, истакна Алексовска.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
