До која возраст бебето треба да спие со родителите?
Се смета дека спиењето со родителите е најздравиот сон за бебињата. Но, главното прашање во овој контекст е: До која возраст?
Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува бебињата да го делат просторот со родителите додека не наполнат шест месеци. Потоа, сепак, малечкото треба да спие во своето креветче, а не во креветот на родителите. Истражувањата покажаа дека оваа практика, меѓу другото, ја намалува опасноста од синдромот на ненадејна смрт на доенчето, пренесува порталот „Перентс“ (Parents).
Доколку бебето спие со родителите, тоа може да предизвика заглавување меѓу душекот и рамката на креветот, потиснување и многу други потенцијални проблеми.
Кога ќе наполни шест месеци, бебето веќе е поподвижно и треба да спие во посебно креветче. Советите гласат: Ставете го малечкото на грб, извадете ги сите непотребни предмети од креветчето и температурата во просторијата нека биде меѓу 20 и 22 Целзиусови степени. Во таа смисла, и мониторот за бебиња е корисен за да се знае што се случува во секое време.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
