До петок без блокади на граничниот премин Евзони

Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори, јави дописничката на МИА од Атина.
Граничниот премин Евзони кон нашата земја што во изминатите четири дена, заклучно со вчера, грчките земјоделци го блокираа од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, до петок ќе остане отворен, иако тракторите и понатаму ќе бидат паркирани на границата, но нема да го попречуваат сообраќајот
Земјоделците остануваат на нивните блокови, тракторите остануваат паркирани низ цела Грција, во една коловозна лента без да го блокираат сообраќајот и како и што најавија земјоделците на почетокот на нивните протести, дека ако е потребно Божиќ и Нова година ќе прослават на блокадите.
Во недела напладне кај патарината Малгара во близина на Солун ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите блокови во Грција и ќе се одредат следните чекори.
Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
МИА
Ново на Сител
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
