Македонија
31. May 2026 - 11:40

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд

УХМР информира дека до крајот на работната недела ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. 

 

МИА