„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија

Германскиот железнички оператор „Дојче Бан“ соопшти дека ги обновува железничките услуги по синоќешниот прекин откако поради прекин во комуникацискиот систем беа запрени возовите ширум земјата.
Возовите беа запрени по полноќ, по 90 минути откако беше пријавен првиот проблем со дигиталниот комуникациски систем ГСМ-Р, што се користи за интерна комуникација во железничката мрежа.
Компанијата им се извини на патниците и соопшти дека ќе им даде ваучери за такси и хотели.
ГСМ-Р е кратенка за Глобален систем за мобилни комуникации на железниците, нуди можност за разговор и пренос на податоци потребни за железничките операции, вклучително и комуникација помеѓу машиновозачите и контролните центри.
Според Агенцијата на Европската Унија за железници, тој е воведен низ цела Европа од 2000 година како заеднички стандард за железничко работење
Ново на Сител
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
