Дојран ги исполни капацитетите за Велигден - зголемена фреквенција и на граничните премини кон Грција
Дојран ќе биде полн за Велигден. Големиот христијански празник во овој туристички центар се очекува да го поминат околу 15 000 гости. Традиционално, најбројни се домашните туристи и сопствениците на викенд куќи, но се очекува и мала бројка на странски гости, пред се од соседна Грција.
Прeтестојниот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата и на граничните премини. Вообичаено, најфреквентно беше на „Богородица“ каде е регистриран зголемен број на патници и во двете насоки. За време на последните 24 часа на овој премин се регистрирани околу 7500 туристи. Во зависност од сообраќајните бранови, за минување на македонската граница беа потребни од пет до десет минути.
На грчка страна се чекаше малку подолго поради актуелните ковид протоколи, проверките сертификатите, ПЦР тестовите и брзите антигени тестови кои се на сила до 2 мај. После овој датум грчките власти треба да соопштат дали истите ќе бидат продолжени или укинати.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар