Дојранското, Тиквешкото и Беровското Езеро со високо загадени води
На скалата од 1 до 5, од најчиста до најзагадена, водите во Дојранското, Тиквешкото и Беровско Езеро се класифицирани во класа 3 и 4. Ова го покажал мониторингот на квалитетот на водите од трите езера кои имаат различни намени, туризам, наводнување и водоснабдување, спроведено од УГД, во соработка со Институтот за комуникациски студии.
-Според микробиолошките анализи и концентрациите на нитрити, во Дојранското и Тиквешкото езеро се укажа на постоење на бактерии со фекално потекло. Во есенските мерења во Беровското и Тиквешкото езеро се покажаа високи концентрации на фосфор што укажува на преинтензивна употреба на ѓубрива во змејоделството- изјави Дејан Андов, институт за комуникациски студии.
Водата од класа 3 може да се употребува за наводнување, а со одредена обработка и во индустријата. Загадувањето од класа 4 не дозоолува водата да се користи за рекреација. Меѓутоа ова се само резултати од прелиминарните истражувања.
-Треба многу поголем буџет, многу посериозен пристап и поголема експертска група која ќе даде одговор, дали е тоа доволно, дали е задоволително, незадоволително, во кој период на годината што треба да се прави, како да се употребува таа вода и понатаму да се направи стратегија за употреба на истата, изјави проф. Ѓорги Димов, УГД Штип.
Микробиолошките мерења се вршени во рамки на кампањата „Разбистри се„ , со цел подигање на свеста на граѓаните и локалните власти за одржливо користење и заштита на водните ресурси.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар