Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња

Јавното претпријатие „Лајка“ ја воведува програмата за привремено згрижување, која опфаќа обезбедување краткорочен дом за кучињата од прифатилиштето, заедно со целосна логистичка и стручна поддршка за згрижувачите.
-Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување, наведуваат од „Лајка“.
Како поддршка на згрижувачите, ЈП „Лајка“ ќе обезбеди храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, како и промоција на кучето за вдомување.
Нагласуваат дека за вклучување во програмата не е потребно претходно искуство, туку желба за помош, основни услови и одговорен пристап.
МИА
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
