Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека постои „многу добра шанса“ Соединетите Американски Држави и Иран да постигнат договор што ќе го спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.
Тој уште посочи дека на барање на сојузниците од Блискиот Исток ги одложил за денеска планираните воените напади врз Иран, со цел продолжување на преговорите со Техеран.
Според Трамп, лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати побарале одложување на воената операција.
„Ако можеме да го решиме ова без бомбардирање, би бил многу среќен“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека САД и натаму се подготвени за голема воена акција доколку не се постигне договор.
Претходно, Трамп предупреди дека на Иран „му истекува времето“ и дека треба „брзо да дејствува“.
Од Иран синоќа соопштија дека одговориле на новиот американски предлог за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток што започна на 28 февруари со нападите на САД и Израел врз Иран. Кревкото примирје е во сила од 8 април.
Сепак, аналитичарите ценат дека двете страни остануваат со значително спротивставени ставови.
Иранските медиуми објавуваат дека Вашингтон доставил предлог од пет точки, меѓу кои барање Иран да задржи само еден активен нуклеарен објект и резервите на високо збогатен ураниум да ги пренесе во Соединети Американски Држави.
МИА
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
