Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило

На 12.09.2026 околу 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во правец од Граничниот Премин „Блаце“ кон Скопје на место викано „Вражји вир“, полициски службеници од РЦ Север-ОПКМ забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки кое било натоварено со разновидна криумчарена стока и се обиделе да го сопрат, но возилото продолжило со движењето.
Откако полициските службеници по кратко време го сопреле, при обид возачот да биде приведен дошло друго возило од кое излегло едно лице и физички нападнале еден од полициските службеници кој потоа едно од лицата го фатило за раката и бил влечен со возило кое другото лице го управувало, по што бил пуштен и при падот се здобил со повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
