Македонија
10. August 2026 - 14:09

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба

На 09.08.2026 во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од Кавадарци, затоа што пред градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.