Македонија
23. July 2015 - 16:30

Државата ќе ја зголеми финансиската поддршка за СОС детското село

Државата финански ќе помага на 28 деца без родители и родителска грижа до 14 години сместени во СОС детското село. Министерството за труд и социјала месечно ќе издвојува по 9.300 денари за секое згрижено дете за полесно осамостојување и интегрирање во општетсвото.

- Со потпишувањето на денешниот Меморандум, ја надградуваме и интензивираме досегашната соработка во делот на згрижување на деца и млади над 14-годишна возраст преку формата на вонинституционална заштита - организирано живеење со поддршка за деца без родители и родителска грижа. При тоа МТСП ќе ги надоместува месечните трошоци за 28 деца и млади сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

За оваа намена министерството ќе издвојува по три милиони денари годишно.

- Овој начин на вонинституционално згрижување на децата, потенцира, треба да овозможи квалитетна грижа по стандардите и практиките кои се меѓународно прифатени како најсоодветни и најдобри за децата, изјави Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детското село.

Во моментот во 12-те семејства во СОС селото се згрижени 91 дете.