Државата малку ја користи науката за заштита на културното наследство
Науката и научните сознанија многу малку или воопшто не се користат во заштита на нашето материјално и нематеријално наследство. Примената на научните сознанија се исклучени од сферата на сите хуманистички науки. Без промена на оваа состојба можно е неповратно губење на нашето наследство. Ова беа дел од заклучоците на денешниот научен собир во Прилеп, во организација на Институтот за старословенска култура.
„Можам да кажам дека постојано сведочиме на распаѓање и на фрескоцелините и на иконите кои што се далеку од она ниво на заштита на кое треба да бидат. Значи научно истражувачката работа е интегрален дел на она што подоцна треба да биде заштитен“, рече Александар Василески, историчар на уметност.
И претставниците на МПЦ, како монахот Калист од манастирот Трескавец, велат дека во овој дел потребна е поголема соработка со научната мисла.
„Прашањето во врска со градот Колобаиса, неговото место во античкиот свет и неговото значење, култот на златното јаболко и сето она што горе како цивилизациски придобивки ги имаме, ниту едно низ вековите според мене се уште не е доволно разјаснето“, истакна Отец Калист, монах кој живее на Трескавец.
Истото се случувало и на полето на археологијата.
„Исклучена е фактографијата, повеќе се оди на една патетична, тривијална интерпретација на минатото. Очекуваме да се испочитуваат нашите рационално заснивани, сериозни методолошки истражувања и сознанија“, додаде Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура.
И филолозите велат дека научната мисла многу повеќе треба да се вклучи во заштита на нашиот јазик, особено во време кога тој е беспредметно напаѓан од страна на нашите соседи.
„Фактички нам ни треба повторно со оние оружја со кои не напаѓаат соседите, токму тие оружја да ги впрегнеме, но со наши сили, со сили кои точно го знаат тоа што треба да го проучат“, кажа Димитар Пандев, катедар за македонски јазик, филилошки факултет Скопје.
И од Институтот за фолклор велат дека потребни се повеќе теренски истражувања за да се зачува наследството за идините генерации, како и дигитализација на тоа што веќе е зачувано.
„Во дигитализација на стари магнетофонски снимки и касети кои со тек на времето самите подложат на уништување“, вели Весна Петреска, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.н собир во Прилеп ќе трае 3 дена.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар