Бизнис
8. February 2020 - 16:40
Државата очекува мораториумот да продолжи, бизнисмените од сектор негодуваат
Мораториумот за градба треба да остане на сила. Претседателот на Националната комисија за УНЕСКО Едмонд Адеми вели дека се додека не се усогласат урбанистичките планови со Планот за управување со Охридскиот регион под заштита на УНЕСКО не треба да се укинува и покрај барањата од страна на бизнис секторот кои сметаат дека оваа мерка го кочи развојот на градот.
Инвеститорите се жалеа дека и покрај вложените финансии во градба ги стопирале активностите поради мораториумот.
Инаку мораториумот за градба во Охрид, како едно од барањата на УНЕСКО, беше донесен во месец август,со одлуката се воведе времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко плански документации и архитектонско-урбанистички проекти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
