Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување.
Коцевски на прес-конференцијата во ЈОРМС, го оцени како политичка одлука предлогот за негово разрешување што треба да се разгледува на денешната собарниска седница.
Кажа дека од функцијатра што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“. Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.
Собранието денеска на 76. седница, треба да расправа за владиниот Предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата државен јавен обвинител.
Владата во Предлогот посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради – направени крупни професионални грешки при раководењето на Јавното обвинителство; неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со Закон; нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Ново на Сител
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
-

Македонска делегација во Брисел
-

Падот на бугарската влада нема да ја закочи изградбата на железничкиот тунел меѓу Македонија и Бугарија, вели Николоски
-

МВР отвори шалтер „Безбеден град“ за граѓаните да ги ажурираат податоците
-

Кинеската амбасадорка ја посети Јофа Текс - компанија која соработува со Кина повеќе од 20 години
-

Босилово ќе ги користи австриските искуства во противпожарната заштита и доброволното пожарникарство
