ДСЗИ утврди одговорност за родилката која скокна од гинекологија
Дежурните на скопска гинекологија не инсистирале психијатар да ја прегледа родилката која била вознемирена и во неделата вечерта скокна од прозорец. Ова го утврдиле инспеторите од ДСЗИ во вонредниот надзор за случајот со 39 -годишната жена. Пропусти на психијатрија не биле утврдени. Иако Клиниката се реновирала имало дежурен специјалист, а не било заведено барање за конзилијарен преглед за пациентката.
-Од извршениот надзор во ЈЗУ УК ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани. Во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ЈЗУ УК ГАК спроведување на постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.
Иако министерот за здравство наредил ДСЗИ да изврши вонрен инспекциски надзор на ГАК по инцидентот, денеска не добивме негов став за утврдените пропусти и дали треба да има промени во врска со конзилијарните мислења помеѓу Клиниките за да нема вакви немили настани во иднина.
Фатмир Меџити не се појави на отворањето на Центарот за третман на дебелина бидејќи заглавил на состаноци со делегацијата од Албанија, а од страна на претставник од неговиот кабинет на медиумите им беше соопштено дека настанот нема да се одржи, а екипите веќе беа пристигнати точно на закажаното време.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар