ДУИ не му простува на Пендаровски за Законот за игри на среќа
Стево Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците.
ДУИ не му простува на Претседателот што не дозволи да помине Законот за игри на среќа.
„Приказната за реакцијата на Европската унија за европското знаме е петкратен стандард на Пендаровски.
Пендаровски го потпиша спорниот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните оспорувања на земјите членки на Европската унија, закон кој ги пропадна речиси сите случаи на Специјалното обвинителство.“ – се вели во соопштението на ДУИ која пак ја води комисијата за европски прашања која во последните неколку години претставува вистинска штампарија на законски решенија без претходна дебата во Собранието за што Брисел годинава ни ги испорача и најлошиот извештај за напредок.
Измените на кривичниот ги потпишав бидејќи беа усогласени со директиви на Европската Унија, врати Пендаровски правдајќи го фактот дека стави потпис на законски измени кои спасија од затвор голем број на поранешни и актуелни политичари.
„Никогаш за ниту еден закон Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот е исто така испратен и до Владата и до Собранието.
Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на владата би требало да се запознаени со овој допис.“ – порача Пендаровски.
Анимозитетот на релација ДУИ – Пендаровски доаѓа во пресрет на кампањата за претседателските избори. Тоа значително ги тенчи шансите актуелниот претседател да добие поддршка од Мала Речица за амбициите уште 4 години да остане на Водно.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
