Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија

Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, честитајќи го Меѓународниот ден на трудот.
- Среќен 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и општествениот развој на нашата држава. Во изминатиот период, преку социјален дијалог и колективни договори, постигнавме зголемување на платите во повеќе клучни сектори, со што се подобрува животниот стандард на илјадници работници. Истовремено, ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија - напиша Дурмиши на неговата Фејсбук-страница.
Преку Оперативниот план за вработување и активните мерки на пазарот на труд, како што истакна министерот во објавата, биле создадени нови можности за вработување, особено за младите и ранливите категории.
- Нашата заложба останува цврста да изградиме поправеден, поинклузивен пазар на труд и да обезбедиме достоинствени услови за работа за секој работник - потенцираше министерот.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
