Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на јавниот повик за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, заклучно со 29 април годинава, пристигнале вкупно 21 апликација.
Меѓу кандидатите, како што објавија некои од медиумите, има судии, обвинители, адвокати.
- Во наредниот период, Меѓуресорската Комисија формирана со одлука на Владата на Република Северна Македонија, ќе ги разгледа пристигнатите апликации, ќе изврши интервјуирање на кандидатите и ќе пристапи кон процес на нивно рангирање, со цел предлагање на тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, согласно член 22 од Европската Конвенција за Човекови права (ЕКЧП), информираат од МНРиНТ.
Процесот на селекција, како што посочуваат од МНРиНТ, ќе се спроведе во согласност со утврдените критериуми и процедури, со цел обезбедување на транспарентност и објективност при изборот на најсоодветните кандидати за оваа значајна позиција.
Од 2017 година македонскиот судија во Европскиот суд од земјава е Јован Илиевски.
Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година.
Ново на Сител
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
