Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
Едно лице е убиено во јужна Франција за време на прославата по синоќешната победа на Пари Сен Жермен над Интер Милано во финалето на Лигата на шампиони, соопшти денеска француската полиција, пренесе ДПА.
Млад човек бил смртно избоден во градот Дакс, јужно од Бордо, додека толпа луѓе ја славела победата во Минхен, наведе портпаролката на полицијата.
Точните околности на инцидентот засега остануваат нејасни, пренесува германската агенција.
Министерството за внатрешни работи соопшти за уште една насилна смрт на маргините од прославите. Според локалните медиуми, жена на скутер била удрена од навивачи со автомобил во Париз и починала.
За време на судирите до кои дојде за време на славењето на победата на ПСЖ низ цела Франција се повредени околу 192 лица, од кои 22 се припадници на безбедносните сили и седум пожарникари, се првичните проценки на министерството, пренесува ДПА.
Најмалку 559 лица се приведени за време на немирите во текот на ноќта, повеќето од нив во Париз.
ПСЖ го освои финалето на Лигата на шампионите со 5-0 за својот прв Европски куп.
Ново на Сител
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници