Македонија
16. November 2015 - 16:14

Двајца од терористите кои извршија напад во Париз поминале низ територијата на Македонија

25 годишниот Ахмед Алмухамед преку Турција на трети октомври годинава успеал да пристигне на грчкиот остров Лерос.

Грчките истражни органи го отворија досието на бегалецот од Сирија кој во петокот го изврши самоубиствениот напад во близина на стадионот во Париз.

Од Лерос, Алмухамед веднаш бие пренесен на Родос каде во присуство на обвинител му биле земени отпечатоци, бил внесен во регистрациониот систем по правилата на ЕУ и добил дозвола за престој во Грција за период од шест месеци.

Но очигледно не чекал многу. Според досегашните официјални информации на седми октомври бил регистриран во кампот во Прешево, но засега нема потврда од македонската полиција дали и кога влегол на територијата на Македонија и на кој начин транзитирал низ земјата.

На осми октомври бил регистриран во Хрватска од каде се губи рутата по која се движел.

Денеска грчка прототема објавува ексклузивна информација тврдејки дека низ балканската рутра поминале двајца од учесниците во тероритичките напади. Покрај Алмухамед, со него патувал и Мохамед Алмухмед. Весникот ги објавува нивните билети од ферибродот со кој патувале од Калимнос до Пиреа.

Според информациите кои ги објавува весникот при нападот во Париз, Алмухмед му бил логистика на Алмухамед кој го активирал експлозивот поставен на своето тело во непосредна близна на стадионот Стад де Франс.

Додека службите во регионот ги отворија досијеата македонското МВР молчи за случајот.

И покрај доставените две барања за одговор на прашањата дали Алмухамед и Алмухмед транзитирале низ Македонија нема повратна информација од МВР. За случајот одговор веќе побараа и соседите, кој во прашење го ставија системот кој го користи Македонија при регистрацијата на бегалците кои транзитираат ни земјата.