Македонија
9. March 2021 - 16:49

Двајца позитивни и еден сомнителен случај помеѓу пратениците од СДСМ го одложи најавеното гласање во Собрание

Пропадна денот за гласање во парламентот. Двајца пратеници од власта се позитивни, а еден е суспектен на коронавирус со што мнозинството не може да обезбеди најмалку 61 пратеник за да може да носи одлуки без опозицијата. 

Откако минатата недела власта успеа да ги собере сите 62 нардони избраника спикерот Џафери се реши за денеска да ги закаже сите отворени седници и да го искористи присуството на мнозинството за гласање. На ред чекаат над 80 законски решенија, а некои од нив се заглавени и со месеци.

За опозицијата ваквиот начин на работа го прави Собранието непродуктивно, а пратениците гласачка машинерија.

Од власта пак, велат дека парламентот не може да работи најефикасно поради корона пандемијата.

Од друга страна, нова блокада на парламентот најавуваат од Алијанса на Албанците и Алтернатива со илјадници амандмани на сите законски решенија се додека не биде донесен нивниот закон за државјанство кој е блокиран со амандмани од  ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а власта се изјасни против.

По оставката на Изет Меџити од координатор на ДУИ можено е и самата власт повторно да се соочи со недостаок на пратеници.