Македонија
14. February 2024 - 16:39

Двајца загинати и 7 тешко повредени на експресниот пат Штип - Кочани

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Чешиново. Две лица го изгубија животот, а седумина се повредени. До несреќата дошло во 12. 40 кога 3 возила, кочански „голф“, винички „цитроен“ и скопски „сеад ибица“, меѓусебно се судриле. Според првичните информации двете жртви починале на лице место. Еден од повредените е пренесен на штипска клиничка, а шестмина со возила на брза помош се транспортирани во кочанската општа болница. Поради сериозноста на повредите некои од згрижените учесници во сообраќајката, ќе бидат препратени на лекување во Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионален пат.