Македонија
2. January 2024 - 16:33

Две комисии го испитуваат случајот со новороденчето со скршена рака

Две комисии – едната формирана од Гинекологија а втората од Министерството за здравство, ќе проверуваат како дошло до скршеницата на раката кај новороденчето и дали биле запазени сите протоколи. Гинеколозите велат дека бебето нема да има последици, повредта е санирана а со преглед на камерите ќе видат дали некој од вработените се однесувал несоодветно и како што обвинуваат од семејството, ги избркале без да му дозволат на таткото да ја види ќерката. Стручните лица ја проверуваат документацијата од самиот прием на родилката.

-Неможе да се најде дека е направена грешка на тимот, како гинеколошки така и педијатриски кои биде дежурни на 30 ти, вели Викторија Јовановска, директор на Клиника за Гинекологија

Вчера, таткото Благојче Дамјановски, во изјава за Сител изјави дека некој се обидувал да го сокрие случајот. Директорката на Гинекологија, пак, објасни дека вакви компликации иако се ректи можат да настанат кога плодот е попречно поставен.

-Бебето не и го носеа да го види, дојдовме да прашаме што се случува, ни кажаа бебето кога е породено е со исчашена рака, односно, скршена рака вели Благојче Дамјановски

-Семејството кога дојде денес ги примив, им објаснив како е дојдено до компликацијата, тие реагираа дека мајката не била со многу плодова вода, но пак разговарав со дежурната екипа, таа така и била примена видено е тоа на ултразвук и примена е како мајка со ризик и веднаш е испратена во родилна сала за да биде извршено породувањето, вели  Јовановска.

По појавата на отокот на раката од Гинекологија тврдат дека веднаш побарале помош од Детска хирургија а на мајката не и кажале веднаш се додека не добијат потврда за што станува збор. Не го видела бебето веднаш бидејќи по породувањето била на Интензивна.

-Кога мајката е оперирана и е на Интензивна нега, по протокол не ги носиме децата на интензивна каде има тешки пациенти со сериозни дијагнози, вели Јовановска.

Овој случај го обелодени семејството Дамјановски обвинувајќи за сокривање информации од лекарите. Кој е во право, дали има пропуст и дали некој се однесдувал несоодветно ќе покажат проверните на двете комисии кои работат на случајот.