-->
-->
Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-->

Во северозападниот дел на Шпанија, две жени загинаа во поплави и одрон, додека две бебиња се повредени. Спасувачките служби и властите интервенираа на местото на несреќата.
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон.
Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден.
На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната служба и полицијата, припадници на Граѓанската гарда, како и медицински тимови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
