Македонија
3. December 2015 - 16:28

Двојно убиство во скопски Грчец, убијците на слобода

46 годишниот роднина на познатиот Бос Арслан Нуиши синоќа бил изрешетан на влезот во скопско Грчец. Небуш Нуиши го управувал мерцедесот а во него биле и двајца негови пријатели.

На влезот во селото, близу куќата во која живеел ги пресретнале напаѓачите кои отвориле оган.

Десетици куршуми биле истрелани кон возилото. Нуиши починал на лице место.

Голем број куршуми завршиле во неговото тело. Од повредите на пат кон клиничкиот центар починал и 51 годишниот Меќани, а третиот 37 годишен жител на Грчец е хоспитализиран во старата гардска болница.

Имал среќа што останал жив. Според информации на Сител мобилниот телефон кој бил разнесен од куршумите му го спасил животот, еден преоктил му нанел само површни повреди во пределот на вратот, а четири куршуми завршиле во носете и едната рака.

Напаѓачите добро ја знаеле целта и делувале по добро осмислен план. Ги чекале токму пред  куќата.

Тројца биле познаници за што потврдуваат и жителите на Грчец. Тие тврдат дека починатите немале проблеми со никого во селото.

Полициската лента оставена по увидот беше единствената трага од синоќешниот напад.

Полицијата извршила увид во присуство на јавен обвинител, а пронајдените траги се предадени на вештачење. По напаѓачите се трага.