Македонија
27. November 2019 - 18:00

Џафери не очекува да „помине“ реформата на изборниот модел за овие избори

Нема време за измени на изборниот модел до распуштање на Собранието на 12 февруари, смета собранискиот спикер Талат Џафери.  Предлогот на малите партии за една изборна единица и отворени листи ќе биде ставен на седница, но спикерот не очекува да се постигне консензус за ваква измена.

За разлика од Џафери, премеирот Заев пред два дена сеуште сметаше дека има време да се направи крупна реформа на изборниот модел.

Спикерот е оптимист дека Шпанија ќе го ратификува протоколот за членство на Макеоднија во НАТО до средината на јануари. И натаму спротивно на партиите, смета дека парламентот не може да биде свикан по неговото распуштање. Дека изборите се извесни и ќе се случат на 12ти април според договорот, Џафери очекува да биде јасно пред Нова година кога веќе ќе бидат познати членовите на кабинетот во пржинската влада.

Додека Џафери ги објаснуваше процедурите, пред Собранието десетина невладини организации протестираа и бараа  да се одблокира работата на Комисијата за избори и именувања и да се изберат раководни органи на повеќе институции чии избор доцни повеќе месеци.

Изборот на директори и раководители на овие институции во парламентот доцни поради тоа што нема договор меѓу СДСМ и ДУИ.