Македонија
18. March 2021 - 16:37

Џафери тврди дека ги почитува процедурите, власта ја демантира опозицијата дека нема пари за помошта од државата

Законите за државна помош за плати поради КОВИД пандемијата не можело да се донесат порано поради деловнички процедури и блокада на Собранието. Ова е ставот на Џафери откако вчера од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека опозицијата не е таа која ги кочи законите, како што тврдат од мнозинството, туку самата власт која во договор со спикерот законите ги става  доцна на седница бидејќи немало пари во буџетот за исплата на мерката.

„ Јас не работам по пораки и апели од некого, туку по процедури. Зошто порано не го подготвија и доставија законот во Влада, на пример во јануари? Доколку нема блокади од пратениците законот би можел да биде усвоен во Собранието истиот ден или евентуално следниот на 24 март. “, коментира  Џафери.

И од СДСМ негираат дека ги местеле седниците за економските закони што подоцна поради немање пари.

Законите за прв пат на седница ќе се најдат дури во вторник, повеќе од еден месец од кога се доставени од Владата. Компаниите се пожалија дека поради нефункциналноста на парламентот не можат да ги добијат парите за навреме. Од владата уверуваат дека пари за февруарската плата ќе има навреме, но и дека се зависи од пратениците кои не треба да тактизираат и да се водат од политичките интереси.

На седницата во вторник ставени се само два закони од десетина најавени закони потребни за петиот пакет економски мерки тежок 160 милиони евра. Останатите законски решенија не се стигнати во парламентот.  Она што може да ја блокира работата во вторник и покрај тоа што и мнозинството и ВМРО-ДПМНЕ би гласале за субвенција на платите е албанската опозиција. Таа се уште најавува блокада на сите закони порадни нивниот зкаон за државјанство.