Џејми Лин го презеде управувањето со парите на Бритни Спирс

Глумицата Џејми Лин Спирс го презеде управувањето со мултимилионското богатство на својата далеку попозната постара сестра Бритни. Се работи за парични средства во износ од 57,4 милиони долари.
Документите, како што се наведува, предвидуваат дека Бритни е „единствен корисник“ на парите додека е жива. Одговорност на управувачот е, ако нешто ѝ се случи на поп-ѕвездата, да обезбеди нејзините деца да ги добиваат нејзините средства.
Бритни Спирс има два сина – Престон (14) и Џејден (13) со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Џејми Лин беше предложена како управувач во 2018 година, од нејзиниот татко Џејмс Спирс и Ендрју Волет, кој дотогаш ја имаше улогата на управувач, но се повлече. Пред извесно време, Бритни побара и татко ѝ да биде отстранет како управувач со нејзините пари.
Судот во Лос Анџелес, сепак, одлучи дека Џејмс Спирс останува управувач најмалку до февруари следната 2021 година.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
