„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност

Моделот на вештачка интелигенција „Џемини“ на компонијата Гугл пристапил до интернет и хакирал три компании за време на тестот на неговите способности во областа на кибер безбедноста, што е прв познат случај системот за вештачка интелигенција на компанијата самостојно да изврши таква акција, објавија утрово британските медиуми.
Хакирањето се случило во мај за време на тестот за кибер безбедност спроведен од „Ирегулар“, независна фирма за проценка на кибер безбедноста.
За време на стандардната постапка на тестирање, „Џемини“ пронајде јавно достапни информации на интернет и ги погоди податоците за пристап за три веб-страници за кои веруваше дека се опфатени со тестот, изјави потпретседателката за безбедносно инженерство на Гугл, Хедер Аткинс.
„Се уверивме дека тие три организации се известени и работевме со нашиот партнер за обука на промените што сега ги направија во нивните процеси на тестирање“, рече Аткинс.
Портпаролот на „Ирегулар“ рече дека инцидентот го вклучувал истиот проблем што ги погодил и другите лаборатории за вештачка интелигенција и дека сите релевантни лаборатории биле известени кон крајот на јули.
Слични инциденти поврзани со „Ирегулар“ се пријавени и од Мета, Антропик и ОпенАИ.
Инцидентите фи покренаа прашањата за потребните заштитни мерки бидејќи агентите на вештачката интелигенција добиваат поголема автономија и пристап до интернет и компјутерските системи.
Во едниот од случаите, „Џемини“ погодувал лозинки сè додека не добил пристап до заштитен систем. Во двата други случаи, моделот пронашол податоци за пристап во јавно складиште, што му овозможило пристап до заштитени системи, наведе „Волстрит Џурнал“, медиумот што во петокот прв ја објави веста.
МИА
Ново на Сител
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
