Македонија
23. December 2015 - 16:26

Џенис Мекиќ не се чуствува виновен што го прегазил Иван Белински, тврди дека не го ни згазил кај Католичка

Џенис Мекиќ не се чуствува виновен за делото за кое го товари обвинителството. Пред судот денеска порача дека не го прегазил Иван Белински со умисла како што тврди обвинителството. На стартот на судскиот процес по неколку одложувања сведочеа и другарите на момчето кое минатата година во ноември го загуби жќивотот на пешачклиот премин кај католичка.

Двајцата биле со него во критичниот момент и заедно ја минувале улицата. Откако возилата кои се движеле од центар им дале предност стигнале до половина пешачки премин, кога Иван продолжил на него со голема брзина наишло црвено возило Хонда, тврдеа сведоците, кое не му дало предност но успеало да го заобиколи и да не удри во него.

Неколку секунди потоа џипот Туарег кој го управувал Мекиќ директно удрил во момчето тврдеа неговите другари. Според обвинителството џипот се движел со брзина од 100 километри на час. Веднаш по ударот, откако телото било исфрлено неколку метри другарот на Иван Белински го повикал неговиот татко кој бил возач во итната медицинска помош. Биле во непосредна близна со екипата и веднаш го пренеле Иван во ургентниот центар но тој им подлегнал на повредите.

Одбараната на Мекиќ тврдеше дека вештачењето има многу нелогичности и грешки и изнесоа сомнеж дека туарегот не било првото возило кое удрило во Белински. Ваквиот сомнеж го поткрепуваат со резултатите од обдукциониот наод кои покажале дека првиот удар бил предизвикан во пределот на левата потколеница на висина од 31 цантиметар,а трагите од удар на туарегот биле на висина од над еден метар.

Сведочеше и возачот на црвената Хонда, кој спротивно од тврдењата на другарите на Иван Белински тврдеше дека не го заобиколил туку застанал пред пешачкиот премин и чекал пешакот да ја премине улицата. Тој на прашење на судијата одговори дека не го познавал Мекиќ и дека не се тркале со возилата. 

Адвокатите во свое и во име на обвинетиот изразија жалење за загубениот живот. Мајката на Белински пред судопт посочи дека ќе бара имотна оштета за загубениот живоит на нејзиниот шеснаесет годишен син.