-->
-->
Џим Кери со роденденска порака до „белите шовинисти“ меѓу републиканците
-->
Американскиот комичар Џим Кери го одбележа својот 59-ти роденден, со слика од упадот во Капитол и порака до белите шовинисти.
„Денеска ќе станам 59-годишен млад човек. А, кога подоцна ќе ги дувам свеќите, ќе посакам да се стави крај на пандемијава, да видам што помалку Американци коишто ги продаваат своите души за куп лаги и ГОП (американската Републиканска партија), еднаш засекогаш да ги исчисти своите редови од бели шовинисти!“, напиша глумецот на Твитер.
На крајот од пораката, во негов комичарски стил, додава: „А, да, и еден од подароците да биде ’Зинк маршмелоу’!“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен еден од осомничените за нападот врз лекар и сестра од Брза помош Скопје
-

Сопствениците на кравите во Крива Паланка имаат над 100 пријави
-

7 случаи на семејно насилство само викендов, 4 лица се приведени
-

Стратегијата против корупцијата чека зелено светло од Собранието
-

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
-

Формиран Националниот комитет за заштита на новинарите
-

Мицкоски: Грижата за децата е приоритет
-

Македонија на 68 место по дигитализација
