Ѕид на срамот
Ако сте платиле 300 евра за некој да Ви ја сработи магистерската или некое евро повеќе за да Ви го подготват докторскиот труд, можеби Вашето има и презиме ќе се најде на „ѕидот на срамот“.
Министерката Јаневска во борба против плагијатизмот. Најави пуштање во употреба на нов софтвер на plagijati.mon.gov.mk за да се откријат препишани трудови, но и оние магистерски трудови и докторати чија крајна верзија изгледа како да ги пишувал ученик.
-Бидејќи се зборува дека на факултети поминуваат трудови напишани во стил на ученички пишувања, ќе ги објавуваме сите јавно. Мене ќе ми биде срам да ставам потпис на нешто што не вреди. Сите ќе бидат изложени на ѕидот на срамот, па сите што препишувале ќе бидат откриени, рече министерката на брифингот со новинарите.
Со серијата нови закони за високото образование, измена ќе има и за професорите на универзитетите. Секој ќе биде должен да објавува одреден број на научни трудови. Ако не, за да остане професор, на секои пет години повторно ќе треба да полага за лиценца. Крајната цел на оваа мерка е да се зголеми бројот на научни трудови, услов кој е неопходен за некој универзитет да се приближи на Шангајска листа.
За еден наш универзитет да биде меѓу мајдобрите 1.000, годишно треба да објавува 1.200 научни трудови во списанија со импакт фактор. На УКИМ годишно се објавуваат од 300 до 500 трудови.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
