ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за финансиското работење и усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година, во кој се констатирани слабости во управувањето со залихите, јавните набавки и наплатата на побарувањата, како и значителна оптовареност на Клиниката поради големиот број итни прегледи.
Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување на договор за да се обезбеди непречено вршење на здравствената дејност. Ревизорите утврдиле и дека во рамки на Клиниката не е формирана болничка аптека, преку која треба да се врши управувањето со залихите.
Во извештајот се посочува и несоодветна примена на Законот за јавните набавки во дел од спроведените постапки за јавни набавки.
Ревизијата утврдила дека дел од побарувањата се постари од три години, при што постои неизвесност за нивната идна наплата. Констатирана е и разлика помеѓу пресметаната и наплатената партиципација за извршените здравствени услуги на здравствените осигуреници.
Како прашање на кое ревизорите му дале посебен акцент е наведена значителната оптовареност на Клиниката. Според извештајот, 66 проценти од вкупниот број реализирани прегледи биле извршени преку итни упати или упати без термин, што укажува на значително отстапување од планираниот начин на користење на системот „Мој термин“.
- Ваквата структура на упатувања укажува на зголемено оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз ефикасноста на планирањето и организацијата на работниот процес, оптималното користење на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите - се наведува во извештајот.
За надминување на утврдените состојби, Државниот завод за ревизија доставил осум препораки до ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
