ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност
Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија.
ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од вработените се врши за не полно работно време и применета пониска стапка при пресметка на надоместокот при спреченост на работа (боледување).
Во Извештајот се констатира дека се направени расходи без поткрепувачка документација и набавки на стоки и услуги без спроведување постапка за јавна набавка над законски вредоносно утврдениот праг.
Нотирана е и потребата од уредување на платата и надоместоците на избраните и именувани лица од Собранието, претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата со закон, потребата платата на вработените во Комисијата да биде уредена со закон или со Колективен договор и преземање активности за изменување и дополнување на регулативата - подзаконски акти, со кои ќе обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции“.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот