Loading Video...
Свет
29. September 2026 - 20:54

Преглед на вестите од светот

Низ франција  се оддржуваат масовни средношколски протести и блокади на средните училиштата. Во Лил  проетстите прераснаа во судири со полицијата. Повеќе демонстрантите се приведени. Над 300 училишта во Париз, Лил, Лион. Нант, МАрсеј, Бордо и Ница  се целосно блокирани со контенејни за губре и барикади.

Властите порачаа дека иако гласот на средношколците мора да се почитува, насилството и хаосот  нема да се толерира. На протестите средношколците   бараат решавање на недостигот од наставници, Намалување на пренатрупаните паралелки и  распореди, Подобрување на училишната инфраструктура и повисоки плати за наставниците.

Загреб втор ден по ред е во сообраќаен колапс поради генералниот штрајк на вработените во јавниот превоз (зет). Речиси сите 200 трамваи и 300 автобуси се останати во гаражите. Низ улиците на загреб возат само еден трамвај и еден автобус, загрепчани масовно се префрлија на користење автомобили, велоспидеи ,пешачење, такси превоз и приградски возови.

Во штрајкот учествуваат и работниците во комуналните услуги. Собирањето на отпадот е сведено на минимум и се врши само од приоритетни локации како болници, градинки и училишта. Штрајкот почна по неуспехот на преговорите меѓу синдикатите и градските власти за зголемување на платите.

Градоначалникот Томислав Томашевиќ изјави дека барањата на синдикатите се неодржливи за градските финансии и порача дека градот нема да ги плати деновите поминати во штрајк. Од друга страна, синдикатите најавуваат дека продолжуваат уште поодлучно сè додека не се исполнат нивните барања.

Централниот дел на Токио денес го забележа 34-тиот последователен ден на врнежи од дожд, со што е соборен рекордот за најдолг врнежлив период во истријата на јапонската престолнина, објави Јапонската метеоролошка агенција. Врнежите почнаа на 27 август. Претходниот рекорд беше 33 последователни дена врнежи од дожд, регистрани во летото  2019 година.