ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од 14 до 16 април 2026 година во Никозија, Кипар.
Како што соопшти ДЗС, главна тема на состанокот била подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, унапредувањето на цивилно-воената соработка, како и улогата и перспективата на вештачката интелигенција во цивилната заштита.
- Посебна сесија на овој меѓународен 56. состанок на директори за цивилна заштита беше посветена на зајакнувањето за соработка во рамките на европскиот Механизам за цивилна заштита и на соработката на земјите од Западен Балкан. Притоа се разговараше за тековните ризици со кои се соочуваат државите и за развој на националните капацитети за справување со нив. Во рамките на оваа сесија се одржаа и посебни билатерални средби со претставниците на Директоратот за европски операции за цивилна заштита и хуманитарна помош на ЕУ (DG-ECHO) - се наведува во соопштението од ДЗС.
Состанокот во Никозија го отворил министерот за внатрешни работи на Кипар, Константинос Јоану, кој од јануари до септември оваа година претседава со Советот на Европа. Заедно со Ангелов е и Роберт Малезански, раководител на Одделението за специјализирани услуги со летала во ДЗС.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
